Ahmet Sertan Usul
02 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 6 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во областа на операцијата „Извор на мирот“ во Северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите командоси херои уште еднаш го спречија обидот за инфилтрација на терористичката организација ПКК/ЈПГ во областа на операцијата „Извор на мирот“. Неутрализирани се 6 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во подрачјето на „Извор на мирот“, со цел да се наруши мирот и безбедноста во регионот“, се истакнува во соопштението на Министерството.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.