Orhan Onur Gemici
02 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека уште 4 припадници на терористичката организација ПКК се предале на безбедносните сили како резултат на кампањата за убедување на терористите раководена од единиците на турската полиција и жандармеријата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, продолжува распадот на терористичката организација како резултат на кампањата за убедување.
Во тие рамки, К.Ј., кој присилно бил вклучен во терористичката организација во 2015 година, и Н.А., кој исто така во 2016 бил насила вклучен во организацијата, со методата на убедување се предале на полицијата.
На ист начин и припадниците на терористичката организација Ш.Ј. и Н.А. во Ширнак се предадоа на турските безбедносни сили.
На овој начин, бројот на терористи што ја напуштија терористичката организација преку методот на убедување од 1 јануари до денес се зголеми на 81.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.