Bekim Laci
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Р. Македонија, Талат Џафери, на еден неформален состанок со медиумите ги претстави своите ставови за пречката со која се соочува Законот за јазиците кој откако претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, не го потпиша указот за овој закон, повторно беше вратен во Собранието на трето читање, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Собранието вели дека одлуката за амандманите нема искрена цел, туку се базира само на изјавите на опозицијата дека ќе го спречат усвојувањето на законот.
„Како илустрација, целиот закон има осум страници со околу 4 000 зборови, а има 35 000 поднесени амандмани, што укажува на неискреноста на подносителот, додека само членот 22, кој говори за казните, има 33 834 поднесени амандмани“, рече Џафери.
Џафери нагласи дека врз основа на парламентарната процедура, законот треба да се усвои во рок од 30 дена, информирајќи дека до денес преведени се 17 илјади амандмани, што повеќе ја комплицираат ситуацијата, бидејќи, како што рече, преведувачите се луѓе, затоа, не можат да направат притисок врз нив.
Претседателот на македонското Собрание ги негираше наводите на опозицијата дека законот го прекршува Уставот, бидејќи, според него, истиот поминал низ сите филтри и е во согласност со Уставот.
Џафери ги информираше новинарите дека е во контакт со опозицијата, бидејќи, според него, 35 илјади амандмани се една политичка одлука, и дека во политиката сè е можно, алудирајќи на можноста ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече поднесените амандмани, особено според фактот дека последните изјави на надлежните од оваа партија покажуваат дека сакаат да формираат еден нов пристап на комуникација со Албанците, што во минатото бил погрешен.
Џафери пренесе дека е подготвен да работи непрекинато 6 месеци, толку колку што е проценето дека може да трае дебатата за амандманите за кои станува збор, но не ги отфрли и можностите за одржување на маратонски седници.
Потсетуваме, на 11 јануари Собранието на Р. Македонија го усвои Законот за употреба на јазиците. Според овој закон, во сите државни органисе предвидува, покрај македонскиот јазик, официјален јазик да биде и јазикот кој го зборуваат над 20 отсто од граѓаните на Р. Македонија, во случајот албанскиот јазик.
Шест дена подоцна, претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, соопшти дека донел одлука да не го потпишува усвојувањето на законот, бидејќи, како што рече, законот е усвоен без јавна и научна дебата, како и без присуство на опозицијата, академската и експертската јавност.
Сега, Законот за употреба на јазиците е вратен во собраниска процедура, и доколку обезбеди 61 глас од пратениците, тогаш нема да биде потребно претседателот Иванов да го потпише, со што по објавувањето во Службен весник законот ќе стапи во сила.