Admir Fazlagic
18 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - На денешната седница на Собранието на Република Македонија констатирани се оставките на министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици министри за финансии Кире Наумов, за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратениците, на предлог на премиерот за спроведување на предвремените избори Емил Димитриев, за нови членови на Владата ги избра Митко Чавков, за внатрешни работи и Диме Спасов, за труд и социјална политика, односно, ониие министри кои пред Владата задолженена за спроведување на избори раководеа со со овие ресори.
Премиерот Димитриев во своето образложение истакна дека на ваков чекор се решил по одлуката на Уставниот суд и предложените измени на Изборниот законик.
„Со нив на еден начин на датумот на избори ќе биде поништен и ќе имаме нова ситуација во која ќе немаме одреден точен датум за одржување на изборите. Моја законска обврска е да предложам лица коишто ќе раководат со МВР и Министерството за труд и социјална политика. Согласно тоа јас за министер за внатрешни работи го предлагам Митко Чавков, а за министер за труд и социјална политика Диме Спасов", рече Димитриев.
Опозициските пратеници по гласањето ја напуштија собраниската седница, а новоизбраните членови на Владата дадоа свечена заклетва.
На дневен ред на оваа седница е Предлог законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, сио кој се предвидува укинување на членовите со кои се предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Со измените, предложени од Талат Џафери од ДУИ, не се предвидува нов датум за одржување избори.
Во своето објаснување Џафери наведе дека измените треба да овозможат усогласување на Избирачкиот законик со привремената мерка на Уставниот суд на Република Мкаедонија што ја донесе денеска и додаде дека нема нов датум за избори. Според него датумот ќе биде дефиниран кога политичките субјекти ќе кажат дека се подготвени за избори и тогаш треба да се одржи нова седница на која тоа ќе се направи.
Претседателот на Собранието ја закажа оваа седница по денешната едногласна одлука на Уставниот суд на Република Македонија да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Парламентот од 18 јануари 2016 година и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари 2016 година. Притоа, уставните судии донесоа и времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.
Иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот беше поднесена од Талат Џафери од ДУИ.
Собраниската седница ќе продолжи со разгледување на измените на Изборниот законик откако по нив претходно ќе расправа собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.