Admir Fazlagic
04 Мај 2017•Ажурирај: 05 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Денес, Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, се сретна со Талат Џафери, претседателот на Собранието на Македонија, при што ја изрази подготвеноста на Европската унија да работи на унапредувањето на агендатата за реформите за ЕУ, вклучувајќи го и спроведувањето на Договорот од Пржина и интните реформски приоритети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на веб страницата на Европската комисија, еврокомесарот Хан ја потврдил силната осуда на ЕУ за нападот врз пратениците и новинарите во Собранието минатата недела.
Комесарот Хан предупредил дека какво било повторување на ваквите дејствија сериозно ќе ја загрозат европската перспектива на земјата.
„Комесарот Хан го поздрави изборот на г-дин Џафери од страна на мнозинството пратеници и ја изрази подготвеноста на Европската Унија (ЕУ) да работи со него со цел унапредување на агендата за реформите за ЕУ, вклучувајќи го и спроведувањето на Договорот од Пржино и итните реформски приоритети", стои во соопштението.
Се наведува дека комесарот Хан истакнал дека е потребно на Палраментот да му се овозможи да работи непречено.
„На Парламентот сега мора да му се овозможи да работи непречено. Сите пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, се очекува да играат конструктивна, а не опструктивна улога, а сите учесници мора да се воздржат од провокативни изјави и дејствија", истакнал комесарот Хан.
Тој потенцирал дека парламентот мора да биде форум за дебатирање за сериозните предизвици со кои се соочува земјата, и да ги обезбеди потребните гаранции за понатаму, во интерес на сите граѓани и заедници.
Меѓу другото, комесарот Хан повикал сега фокусот да биде насочен на следните чекори во процесот на формирање на влада, со почитување на парламентарното мнозинство и кон делување во согласност со Уставот и демократските принципи, стои во соопштението.
Според агендата објавена од кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија, Џафери ќе се сретне и со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, со претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани, како и со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.
Како што се наведува во соопштението, на средбите Џафери уште еднаш ќе ја реафирмира определбата на Македонија за полноправно членство во Европската Унија, како и улогата на Парламентот во тие процеси.