Ekipa
27 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Со 62 гласа „за“, во хаотична атмосфера во Собранието, парламентарното мнозинство го избра Талат Џафери за претседател на Собранието, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратениците на парламентарното мнозинство го избраа новиот претседател на Собранието на Република Македонија, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со овации и интонирање на македонската химна се обидоа да го спречат изборот.
На гласањето му претходеше напната ситуација, бидејќи речиси сите пратеници беа во салата и покрај фактот што претседавачот Трајко Вељаноски го прекина продолжувањето на конститутивната седница.
По изборот, демонстрантите на граѓанската иницијатива „За Заедничката Македонија“ се пробија преку кордонот и влегоа во Собранието.
Талат Џафери, кој се наоѓа во Собранието заедно со сите пратеници, изјави дека одговорноста за чување на Собранието е на Министерството за внатрешни работи (МВР), а секој кој ќе изврши каков бил акт ќе одговори скапо пред законот, бидејќи станува збор за институција.
Тој рече дека волјата на мнозинството е тоа што се случи, со изборот на претседателот, и дека никој не може да ја спречи волјата на мнозинството, демонстрантите имаат право да ја изразат својата волја, но дека тие кои го прекршуваат законот ќе се соочат со законските норми.
Сите пратеници коишто беа во Парламентот останаа заглавени во салата за конференции.