Vesna Besiç
31 Август 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
БАРСЕЛОНА (AA) - Традиционалниот Фестивал на човечки кули (Els Castellers) е одржан на подрачјето на Виљафранка дел Панадес, во Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).
Во правењето на „човечките кули“ учествуваат сите генерации, а со тоа покажуваат солидарност и го изразуваат духот на заемна соработка во постигнувањето заедничка цел.
Најдобра е најголемата кула, со услов на неа преку грбот на сограѓаните да се искачи момче и безбедно да застане на десетина метри високиот врв.
Создавањето човечка кула или замок е многу популарен дел од културните фестивали во Каталонија, кој настанал во 18 век.
Знаењата потребни за подигнување замок традиционално се пренесуваат од генерација на генерација во рамките на групите и може да се научат само со практика.