Vesna Besiç
30 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
ВЕНЕЦИЈА (АА) - Екипата на филмот „Ад Астра“ прошета на црвениот тепих на 76. Филмски фестивал во Венеција, јавува Anadolu Agency (AA).
На црвениот тепих прошета и Бред Пит, кој во овој научно-фантастичен филм глуми астронаут што се впушта во авантура на границата на Сончевиот Систем во потрага по исчезнатиот татко.
Покрај него, тука беа и Рут Нега, Џејмс Греј и Лив Тајлер. На црвениот тепих прошета и израелската манекенка Бар Рефаели.
Најстариот филмски фестивал на светот беше отворен синоќа со проекција на филмот „Вистина“ (La Verite).
Филмскиот фестивал ќе биде затворен на 9 септември, кога ќе биде и доделувањето на наградите.
Венецијанскиот филмски фестивал е меѓународен филмски фестивал, а воедно и најстар на светот. Првиот фестивал е одржан во 1932 година во рамките на Венецијанското биенале (Biennale di Venezia).
Од 1934 година, секоја година се одржува кон крајот на август и почетокот на септември во историската „Палацо дел Синема“ на Лунгомаре Маркони, на венецијанскиот остров Лидо. Не се одржуваше од 1943 до 1945 година, во 1973 и од 1977 до 1978 година.