култура и уметност

Јунаците од стриповите и цртаните филмови на улиците на Брисел

Јунаците ги красат надворешните ѕидови на зградите и го привлекуваат вниманието на туристите што доаѓаат во посета на белгиската престолнина

Yusuf Hatip  | 28.08.2019 - Обновена : 29.08.2019
Јунаците од стриповите и цртаните филмови на улиците на Брисел

БРИСЕЛ (АА) - ЈУСУФ ХАТИП - На неколку згради во Брисел се наоѓаат цртежи на познатите ликови од стриповите и цртаните филмови. Јунаците ги красат надворешните ѕидови на зградите и го привлекуваат вниманието на туристите што доаѓаат во посета на белгиската престолнина, пишува Anadolu Agency (AA).

Белгија е позната и по тоа што цртаните филмови, како „Штрумфови“ и „Тинтин“ потекнуваат од таа земја. На улиците, поточно на зградите низ Брисел, се оживеани јунаците на десетици стрипови. Не е чудно тоа што за белгиската престолнина велат дека е град на стриповите.

Земјата, која беше домаќин на над 700 карикатуристи, има музеј на карикатури отворен во 1989 година.

Цртањето мурали на зградите во Брисел почна уште во 1991 година. Кога шетате по улиците на белгиската престолнина, имате чувство како да сте во стриповите, како да ги прелистувате страниците.

На ѕидовите на зградите се наоѓаат над 50 карикатури. Меѓу нив се познатите ликови Тинтин, Астерикс и Обеликс, Штрумфовите, Далтони и други.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.