Vesna Besiç
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
КАН (АА) - Во тек се последните подготовки за почетокот на 70. издание на Канскиот филмски фестивал, кој започнува утре, јавува Anadolu Agency (AA).
Градот е украсен со постери, а поставени се и бини на коишто ќе се одржат активности во деновите на одржувањето на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот, кој ќе трае до 28 мај.
Во близина на булеварот „Круазет“, каде што ќе поминуваат филмските екипи, од безбедносни причини е поставена ограда од железо. Фестивалот ќе биде отворен со филмот "Ismael's Ghosts" (Духовите на Исмаил) од францускиот режисер Арно Деплешен.
Заштитно лице на овогодишниот филмски фестивал е познатата италијанска актерка Клаудија Кардинале.
Претседател на жирито оваа година ќе биде Педро Алмодовар, а познатата италијанска актерка Моника Белучи, по вторпат од 2003 година, ќе биде водителка на церемонијата за отворање и затворање на Канскиот филмски фестивал.
Инаку, во текот на фестивалот ќе бидат прикажани вкупно околу 50 долгометражни филма.