Senita Şeherçehayiç
08 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
САРАЕВО (АА) - Во францускиот Кан, сè е подготвено за вечерашната церемонија за отворањето на 71-от Меѓународен филмски фестивал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот ќе биде отворен со прикажување на филмот „Секој знае“ од иранскиот режисер Асгар Фархади.
За време на прегледот на филмовите што ќе трае до 19 мај, за престижната награда „Златна палма“, ќе се борат 21 филмско остварување.
Претседателка на овогодинешното деветчлено жири е австралиската актерка и оскаровка Кејт Бланшет.