Ömer Aydın
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
КАН (АА) - Денеска во францускиот град Кан започна 71. Кански филмски фестивал, еден од најзначајните на полето на кинематографијата во светот, носејќи со себе многу новитети, од кои во центарот на вниманието се забраната за правење „селфи“ и воведување итен број во случај за обид за сексуална злоупотреба, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година 71. Кански филмски фестивал ќе се одржи во период од 8 до 19 мај. Честа да го отвори Канскиот фестивал имаше филмот „Секој знае“ (Everybody Knows) со Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, во режија на Иранецот Асгхар Фархади.
- Линијата за итна помош и забраната за „селфи“ го одбележаа почетокот на Фестивалот -
Оваа година, организаторите на Фестивалот, по тврдењата за сексуална злоупотреба што во изминатиот период ја разбрануваа светската кинематографија, донесоа одлука со која на Фестивалот е воведена линија за пријава на сексуална злоупотреба, а истовремено забрането е и „селфи“ фотографирање - одлуки што го одбележаа почетокот на 71. Кански филмски фестивал.

Откако на виделина во јавноста излезе дека американскиот филмски продуцент Харви Вајнштајн извршил голем број сексуални напади и сексуално насилство врз жени од филмскиот сектор, организаторите на Фестивалот соопштија дека презеле превентивни мерки и во текот на Фестивалот е воведена линија за итни повици. Истовремено, на учесниците на фестивалот им се поделелени брошури против сексуална злоупотреба.
Раководството на Фестивалот, оваа година го забрани фотографирањето „селфи“ на просторот на фестивалот, информирајќи дека доколку тоа се случи, гостите ќе бидат оддалечени од фестивалот.
- Жири-комисијата на Фестивалот ја сочинуваат 4 жени и 4 мажи -
Жири-комисијата на овогодинешниот Кански фестивал, под претседателство на австралиската актерка Кејт Бланшет, се состои од 4 жени и 4 мажи. На 71. издание на Канскиот филмски фестивал, за наградата „Златна палма“ во вредност од 20.000 евра ќе се натпреваруваат 21 филм од светската кинематографија. Организаторите информираа дека на Фестивалот очекуваат да бидат присутни 4.000 новинари и околу 80.000 љубители на филмот. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 19 мај.

Организаторите одвоија 20 милиони евра за 12.000 професионалци од филмскиот сектор што учествуваат на Фестивалот.
Покрај филмските презентации во 36 киносали во кои ќе бидат презентирани филмовите, во рамките на Фестивалот ќе бидат организирани и други настани и комерцијални активности. Посетителите за влез на одредени локации од просторот на фестивалот имаат карти во 5 различни бои. Според бојата на картата, не е дозволен влез во друго подрачје.
- Турција ќе ја претставува филмот „Дивата круша“ -
Во рамките на официјалниот натпреварувачки дел на Канскиот филмски фестивал, Турција ќе ја претставува режисерот Нури Билге Џејлан со филмот „Дивата круша“ (The Wild Pear Tree), кој е копродукција на Турција, Македонија, Франција, Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Шведска.
Во натпреварувачкиот дел на Фестивалот во кој учествуваат 21 филм, се наоѓаат и последните остварувања на режисерите Жан-Лик Годар, Асгхар Фархади, Матео Гарон и Спајк Ли. Во рамките на фестивалот, прикажувањето на филмот „Дивата круша“ на Нури Билге Џејлан е закажано на 18 мај.

Во филмот „Дивата круша“ станува збор за писател кој по долги години се враќа во своето село во кое го наоѓа својот татко уништен во долгови. Филмот се фокусира на семејните односи и на односот татко - син.
Покрај официјалниот натпреварувачки дел на Фестивалот, во рамките на 71. Кански филмски фестивал, во делот на филмскиот маркет, ќе бидат прикажани долгометражни и кусометражни филмови со учество на голем број земји од светот, меѓу кои и од Македонија и од Турција.