Rabia İclal Turan
29 Мај 2022•Ажурирај: 30 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Новиот филм на режисерот Рубен Остлунд „Триаголник на тагата“ (Huzun Ucgeni), во копродукција со Турската радио и телевизија (ТРТ), ја освои Златната палма на 75. филмски фестивал во Кан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шведскиот режисер по вторпат ја освои една од најпрестижните филмски награди, по освоената награда на истиот фестивал во 2017 година за филмот „Плоштад“.
„Триаголник на тагата“ е сатира за богатите индустријалци и инфлуенсери, во која се прикажани двајца модели и инфлуенсери, Карл (Харис Дикинсон) и Јаја (Чарлби Дин) кои се поканети на крстарење со луксузна јахта.
Покрај Турција, други земји копродуценти беа Шведска, Франција, САД, Велика Британија, Швајцарија и Грција.
На чело со францускиот актер Винсент Линдон, жирито во Кан им ја додели втората награда на фестивалот, Гран при, на француската режисерка Клер Дени за „Ѕвездите на пладне“ и на белгискиот режисер Лукас Донт за „Затвори“.
Наградата на жирито беше поделена меѓу „ЕО“ на полскиот режисер Јержи Сколимовски и „Осумте планини“, драма на италијански јазик на Шарлот Вандермерш и Феликс Ван Гренинген.