култура и уметност

Почна јубилејниот 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин

Во текот на одржувањето на „Берлинале“ ќе бидат прикажани близу 340 филма од 71 земја, а во натпреварувачката програма се 18 филмски остварувања

Erbil Başay  | 21.02.2020 - Обновена : 22.02.2020
Почна јубилејниот 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин

БЕРЛИН (AA) – Во главниот град на Германија, Берлин, синоќа започна јубилејниот 70. Меѓународен филмски фестивал (Берлинале), јавува Агенција Анадолија (АА).

Фестивалот започна со прикажувањето на филмот „Мојата година со Селинџер“ (My Salinger Year) на канадскиот режисер Филипе Фалардо.

На црвениот ќилим пред Палатата на Берлинале се прошетаа бројни познати имиња од филмската индустрија, вклучувајќи го и британскиот актер Џереми Ајронс кој е претседател на жирито на овогодишниот фестивал.

Гала-вечерта во „Палатата на Берлинале“ почна со едноминутен молк и со оддавање почит на жртвите кои страдаа во расистичкиот и терористички напад во Ханау.

Во текот на одржувањето на „Берлинале“ ќе бидат прикажани близу 340 филма од 71 земја, а во натпреварувачката програма се 18 филмски остварувања.

Во натпреварувачката програма за Златна мечка ќе се натпреваруваат 18 филма од исто толку земји.

Победниците ќе бидат познати на 29 февруари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.