Ali Cura,Hakan Ceyhan Aydoğan
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
КИЕВ/МОСКВА (АА) – Утре во Берлин се состанува „четворката од Нормандија“ – францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко, со цел да се најде решение за кризата во источна Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштение од претседателството на Украина се вели дека Порошенко, Оланд и Меркел оствариле телефонски разговор.
„Страните се согласија да се состанат на лидерска средба, на 19. октомври во Берлин, во ‘форматот Нормандија’, со цел Русија да биде натерана да го исполни својот дел од договорот од Минск за безбедносна политика“, стои во изјавата.
- Кремљ соопшти дека Путин ќе присуствува на средбата -
Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, во својата изјава соопшти дека на утрешната средба ќе присуствува и претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Путин утре патува за Берлин, каде што ќе присуствува на средбата со Оланд, Меркел и со Порошенко“, рече Песков.
Во месец август, руската Федерална служба за безбедност тврдеше дека спречила терористички напади во Крим, планирани од страна на Украинската разузнавачка служба, додека Украина го негираше ова. Осудувајќи го раководството на Украина за водење терористичка политика, Путин реагираше дека самитот на лидери што треба да се одржи во „форматот Нормандија“ е бесмислен.
Франција минатата недела започна работилница за организирање самит во Берлин во врска со украинската криза, со присуство на лидерите на Германија, Украина и Русија. Во рамките на ова, францускиот претседател Оланд најпрво оствари телефонски разговор со Путин и со Меркел, а подоцна и со Порошенко.
Лидерите на четирите држави за првпат се среќаваат во Франција на годишнината од ’Нормандија’, која започна со ваквите средби за решавање на кризата. Овие состаноци, кои се одржуваат и на ниво на министри за надворешни работи, познати се во јавноста и како „четворката од Нормандија“, или „форматот Нормандија“.