Dzihat Aliju
11 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) – „Неделата на турскиот филм" во Скопје вечерва започна со прикажување на филмот на режисерот Осма Синав насловен „Долга приказна“ во Македонскиот народен театар, јавува Anadolu Agency (AA).
На отварањето на Неделата на турскиот филм во заедничка организација на Министерството за култура и туризам на Турција и Здружението за локална мисла, а поддржана од голем број институции како Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Институтот Јунус Емре - Скопје, учествуваа Јалчин Топчу, главниот советник на турскиот претседател, Бејџан Илјас, министер без ресор во Владата на Република Македонија, Тулин Еркал Кара, амбасадорка на Р. Турција во Скопје, Метин Ѓундогду пратеник од АК Партија во Парламентот на Турција, претставници на турски институции и здруженија во земјата како и голем број љубители на кинематографијата.
Топчу во неговиот говор истакна дека тука се наоѓаат турската држава и турскиот народ заедно со македонската држава и македонскиот народ. Топчу нагласи дека со сите народи кои живеат во овој регион имаат многу чесно минато како и многу длабока приказна. Тој истакна дека треба да има културна размена помеѓу народите за тие да бидат заедно.
Исто така, Топчу укажа на војните кои се случиле на Балканот, и истакна дека на овие биле убиени деца, и бомбардирани многу други места. Тој подвлече дека Турција од секој аспект ќе биде со македонската држава како и со македонскиот народ, укажувајќи на важноста на безбедноста, слободата и благосостојбата на граѓаните на Македонија.
Меѓу другото, Топчу се осврна и на борбата на Турција против терористичките организации како ПКК, ПЈД, ЈПГ, ДЕАШ и ФЕТО.
Амбасадорката Кара во своето обраќање истакна дека овој убав културен настан е од големо значење за унапредување на културните врски со пријателската земја Македонија.
Кара истакна дека бројот на направените филмови, локалните и меѓународните рејтинзи на овие филмови како и добиените награди на меѓународните фестивали покажуваат дека турската кинематографија направила големи значајни чекори во последните години.
Во рамките на „Неделата на турскиот филм" во кино Милениум од денеска до 14 мај, во Скопје бесплатно ќе бидат прикажани филмовите: „Долга приказна“, „Танц со Којотите 4“, „Чанаккале - крај на патот“, „Збогум Катја“, и „Раната на мојата мајка“.