Ekipa
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
КАН (АА) - Во Кан, Франција, каде што во тек е познатиот Кански филмски фестивал, вечерва ќе се одржи дефиле на црвениот тепих. Во него ќе учествуваат 82 жени кои на овој начин ќе привлечат внимание кон многу малиот број жени во филмската уметност кои во текот на 71-годишната историја на Фестивалот се нашле во официјалната натпреварувачка селекциија, пренесува Anadolu Agency (АА).
Меѓу оние што ќе учествуваат на дефилето се Салма Хајек, Џејн Фонда, Пети Џенкинс и француската режисерка Агнес Варда, добитничка на почесната „Златна палма“. Ним ќе им се придружат и некои од членките на жирито, како што се Кристен Стјуарт, Ава Дувернај и Леа Седу.
Бројот на 82 учеснички одговара на бројот на филмови кои ги режирале жени, а кои се најдоа во трката за „Златна палма“, во однос на 1.645 филмови режирани од мажи.
Џејн Кемпион е единствената режисерка која ја има освоено „Златната палма“.
Директорот на Фестивалот, Тјери Фремо, по тој повод истакна дека настанот е организиран со цел жените да го афирмираат своето присуство.