Elena Trenchevska Chekovikj
26 Јуни 2025•Ажурирај: 27 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Свадбата на американскиот милијардер и основач на „Амазон“, Џеф Безос, и неговата партнерка Лорен Санчез во Венеција во понеделникот предизвика протести поради нееднаквоста во богатството и прикажувањето екстравагантност, јавува Анадолу.
Десетици демонстранти излегоа на улиците, осудувајќи го, како што рекоа, „приказот на прекумерен раскош“ во услови на растечки економски потешкотии во земјата.
Демонстрантите беа растерани од безбедносните сили, а уапсени се и неколку лица.
Свадбата го привлече вниманието на светските медиуми, а критичарите го посочија контрастот помеѓу раскошната церемонија и финансиските потешкотии со кои се соочуваат многу Италијанци.