Mustafa Dermencioğlu
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ДЕНИЗЛИ (АА) - Театарот во Лаодикија, еден од најважните антички градови во Анадолија, стар 2.200 години, во рок од три години би можел да биде отворен за туристички прошетки, јавува Anadolu Agency (AA).
Ископувањата и рестарвацијата на театарот започна во јануари оваа година, додека ископувањето на подрачјето на градот веќе трае повеќе од деценија.
Водичот на ископувањето, Џелал Шимшек, изјави дека оваа година е вршено ископување во два дела, едниот дел е агора која се простирала на 35.000 квадратни метри додека другиот дел е театар.
„Лаодикија е голем град и тука имаат два антички театри. Оваа година почнавме ископување и рестарвација на хеленестичкиот театар. Една од нашите главни цели е ископувањето и рестарвацијата да ги завршиме во рок од три години”, истакна Шимшек.
Според неговите зборови, пречникот на хеленистичкиот театар изнесува 94 метри, а северниот театар направен во вториот век има пречник од 124 метри.
Градовите на тоа подрачје биле многу напредни кога станува збор за трговијата. Покрај тоа, од пронајдените натписи видливо е како состаноците поврзани со трговијата, но и донесувањето на одлуки се одржувале во северниот театар.
Театарот направен пред 2.200 години, односно во периодот на хеленизмост, би можел да прими 15.000 лица, додека северниот театар направен неколку стотина години подоцна имал капацитет од 20.000 лица.