Gülsem Adam
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Фестивалот на бои што се одржува во многу земји ширум свет, оваа недела се одржува во Анталија, познатата туристичка дестинација во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Најмалку четири илјади луѓе одлучија своите бели маици да ги обојат во жолта, виолетова, зелена, розова боја.
Оваа активност е организирана во “Konyaalti Beach Parku“. Заинтересираните можеа да влезат по претходен темелен претрес.
Во музиката, танцот и боите уживаа како најмладте така и оние постарите, кои барем на еден ден повторно го покажаа детето во себе.
Не беа обоени само маиците, туку и лицата на учесниците.
Новинарот на АА дознава дека на фестивалот се користени 2,5 тони прехранбена боја.