Ömer Ürer
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
ДУЗЏЕ (АА) - Овогодинешните ископувања на локалитетот на античкиот град Прусиас ед Хипиум, често нарекуван и Ефес на турскиот црноморски регион, би можеле да бидат завршени, јавува Anadolu Agency (AA).
Експертите сметаат дека овој град по обемното ископување за деценија или две би можел да има репутација слична на античкиот град Ефес.
Директорот на музејот Конуралп, Челал Оздемир, изјави дека со неодамнешните ископувања откриле вила за која се претпоставува дека потекнува од 307 одина пред новата ера.
„Утврдивме дека под вилата со големина од 128 квардатни метри, всушност се наоѓа мозаик со уметнички мотиви од тој период. Не е многу деформиран” , изјави Оздемир кои е водич на ископувањето.
Со археолошките ископувања откриено е и купатило, а потоа простории за седење и прием на гости. Купатилото е изградено во склад со архитектурата од тоа време, а неговите ѕидови се украсени исто така со мозаици.
„Сите овие откритија укажуваат на римскиот период. Вилите изградени во тој период можат да заземат навистина голем простор” , истакна Оздемир.
Дузџе, во чија близина се наоѓа античкиот град, сеизмички претставува активно подрачје, а експертите тврдат дека и вилата била срушена во земјотресот, но и дека била зафатена со пожар.
„Пронајдовме 15 бакарни монети од 566 година пред нашата ера. Од тогаш распознаваме дека градбата е срушена во период на византискиот император Јустинијан I”, појасни Оздемир.
Ископувањата се вршат на локација одалечена четири километри од центарот на градот, што укажува на развиеноста на Прусиас ед Хипиум.
„Пронајдената градба е индикатор на величенствениот антички град од римскиот, византискиот и хеленистичкиот период” , нагласи водичот на истражувањето.
Оздемир изјави дека во претходните ископувања биле октиени и статуети, што укажува на развиеноста на тоа подрачје.
„За жал, ископувањата започнаа доцна. Ова е еден од античките градови на западно црноморскиот регион. Тоа е подрачје на кое се наоѓа театар, мостови, аквадукт ... ”, ијзави Оздемир кој се надева дека во наредните години археолозите ќе откријат поголем дел од античкиот град кој по големина и значење е сличен на Ефес.