Enes Canlı
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Нафтали Бенет и министерот за надворешни работи, Јаир Лапид, му се заблагодарија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ослободувањето на израелскиот пар, кој беше уапсен во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на израелската Влада, израелскиот пар Морди и Натали Окнин, кои беа уапсени во Турција поради сомнително однесување и можност за криминални дејствија, се вратија во својата земја откако беа ослободени.
Во изјавата, израелскиот премиер Бенет и министерот за надворешни работи, Лапид, нагласија: „Им благодариме на претседателот и на Владата на Турција за нивната соработка и со нетрпение го очекуваме враќањето на двојката во нивниот дом.“
Премиерот и министерот за надворешни работи, исто така, изразија благодарност до семејството Окнин и претседателот Исак Херцог за трпението и координацијата со Министерството за надворешни работи во овој тежок период.