Mohammad Sıo
17 Октомври 2025•Ажурирај: 20 Октомври 2025
ГАЗА/ ИСТАНБУЛ (АА) - Властите во Газа денес ја обвинија израелската армија за кражба на органи од палестински тела и побараа формирање меѓународен комитет што ќе истражи „ужасно злосторство“, јавува Анадолу.
„(Израелската) окупација предаде 120 тела преку Меѓународниот комитет на Црвениот крст во текот на изминатите три дена“, изјави за Анадолу, Исмаил Тавабта, директор на владината Канцеларија за медиуми, додавајќи дека „повеќето пристигнале во мизерна состојба, при што постојат докази за егзекуции на терен и систематска тортура“.
Тавабта рече дека некои од починатите биле вратени „со заврзани очи и врзани раце и нозе, а други имале траги од јаже околу вратот, што укажува на убиство со умисла“.
„Недостасуваа делови од многу тела, вклучително очи, мрежници и други органи“, вечи Тавабта, а, според него, тоа потврдува дека израелската армија „крадела човечки органи додека ги држела телата“, нарекувајќи го чинот „варварско злосторство“.
Палестинскиот официјален претставник ги повика меѓународната заедница и организациите за човекови права „веднаш да формираат меѓународен истражен комитет за да го повика Израел на одговорност за сериозни насилства извршени врз телата на мачениците и кражба на нивните органи“.
Израелската војска не одговори веднаш на обвинувањата.
Израел моментно има тела на 735 палестински затвореници, меѓу кои 67 деца, соопшти Палестинската национална кампања за пронаоѓање на телата на мачениците.
Палестинската национална кампања, повикувајќи се на извештај на Хаарец објавен на 16 јули 2024 година, наведува дека израелската армија чува околу 1.500 тела на Палестинци од Газа во воената база Сде Тејман во Јужен Израел.
Во рамките на договорот за прекин на огнот, Хамас ослободи 20 живи израелски заложници и достави тела на уште 10 во замена за околу 2.000 палестински затвореници.
Договорот беше постигнат меѓу Израел и Хамас минатата недела врз основа на планот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, чија прва фаза предвидува размена на заробеници, а понатаму и обновување на Газа и создавање нов механизам за управување без Хамас.
Од октомври 2023 година во израелските напади врз Појасот Газа се убиени речиси 68.000 Палестинци, повеќето жени и деца, оставајќи го регионот непрепознатлив и ненаселен.