Saliha Özdemir
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Писателот Проф. Др. Искендер Пала во изјавата која ја даде за Anadolu Agency (AA) рече дека вечерта на 15. jули бил со своите пријатели во Кузгунџук и кога слушнале дека на Босфорот има војници не помислиле дека ќе се случи обид за државен удар.
Кога народот почнал да излегува на улиците Пала се движел од Кузгунџук кон Бејлербеји, и пред офицерското училиште бил сведок кога еден вооружен војник му се обратил на еден човек велејќи му „Чичко врати се“ на што човекот му одговорил „Сине, јас сум пензиониран воен офицер, може ли да ми објасниш што се случува“.
Подоцна како што рече Пала, кога почнале да се слушаат истрели од оружје се увериле дека се случува обид за воен удар и откако дошле уште неколку војници тој со своите пријатели се упатиле кон своите домови.
„Не можев да предвидам дека ќе бидат вакви предавници“
По обвинувањата против Пала во социјалните медиуми дека тој има некаква врска со ФЕТО, писателот го даде следново објаснување:
„Во периодот помеѓу 17 – 25 Декември јас сватив дека патиштата со Џематот (заедницата- Припадници лојални на ФЕТО) ни се разидуваат и се повлеков. Поради тоа што имав објавено вест со наслов „Џематот треба да се извини“, тие ги употребија сите свои канали за да ме нападнат. Јас ги преживеав сите штети уште тогаш. Ако треба да се жалам за периодите кога сум верувал дека може да оди по нивниот пат, тогаш имам многу години за жалење. Точно е дека еден период пишував текстови во весникот Заман од културно-уметнички карактер. Како и сите останати и јас моите деца ги пратив на школување во нивните школи. Ама тогаш не можев да предвидам дека можат да бидат вакви предавници.“
„ФЕТО мора да се искорени“
Потенцирајќи дека е горд на народот кој даде отпор на ударот Пала рече:
„Да, ударот беше безуспешен, но ФЕТО мора да се искорени. Во секој случај тој што треба да биде казнет нека си ја сноси казната. Секако тоа треба да биде претпазливо, затоа што во вакви случаеви некој може да оцрни друг за свои интереси. Јас верувам во правичноста на турскиот народ. Овие ќе бидат исчистени, мора да бидат исчистени.“
Нагласувајќи дека во овој процес на чистење од ФЕТО секој еден треба да превземе одговорност Пала додаде:
„Во овој процес луѓето наместо да мислат кој каде што прикажал, треба да размислуваат за својата одговорност спрема државата, што тие можат да направат за самата држава и што таа очекува од нив.“
На крај, Искендер Пала од свој личен аспект за тоа што самиот може да направи како писател ја заокружи својата изјава со следедниве зборови: „Си велам на себе си, оваа држава во ваков период што може да очекува од еден писател кој го има создадено!? Според мене очекува едно добро дело, еден добар запис. Веднаш превземав иницијатива и почнав да работам на драмскиот текст „Атентатори“, кој ја обработува темата за обидот за државен удар".