свет, култура и уметност

Селото Кат-Кат, чувар на традиционалниот начин на живот во Виетнам

Формирано во 19 век од заедниците Хмонг и Џао, селото ја одразува единствената архитектура на регионот со своите дрвени куќи, камени улици и терасирани оризови полиња

Elena Trenchevska Chekovic  | 11.09.2025 - Обновена : 12.09.2025
Селото Кат-Кат, чувар на традиционалниот начин на живот во Виетнам Фото: Ümmü Nisan Kandilcioğlu/АА

СКОПЈЕ (АА) - Селото Кат-Кат, кое се наоѓа на 3 километри од градот Сапа во покраината Лао Каи, во Виетнам, привлекува посетители со својот традиционален начин на живот и природни убавини, јавува Анадолу.

Формирано во 19 век од заедниците Хмонг и Џао, селото ја одразува единствената архитектура на регионот со своите дрвени куќи, камени улици и терасирани оризови полиња.

Посетителите имаат можност да го набљудуваат традиционално ткаење и традиционалната обработка на железото.

Водопадот Кат-Кат, едно од најзначајните природни чуда во регионот, се издвојува со својот буен зелен пејзаж и смирувачка атмосфера. Се смета дека селото го добило името од францускиот збор „каскада“.

Селото е популарна дестинација и за ентузијастите за планинарење и за туристите кои трагаат по места со поинакви култура, традиција и живот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın