култура и уметност

Свечено отворен Меѓународниот фестивал на документарен филм AJB DOC

Меѓународниот фестивал на документарен дилм AJB DOC ќе биде одржан во Сараево од 21 со 25 септември.

Bedrudin Brlyavac  | 22.09.2018 - Обновена : 22.09.2018
Свечено отворен Меѓународниот фестивал на документарен филм AJB DOC (Foto: Samir Yordamoviç/ AA)

Sarajevo

САРАЕВО (AA) - Вечерва во Сараево со проекција на филмот „Lost Warrior", свечено е отворен првиот Меѓународен фестивал на документарниот филм AJB DOC, јавува Anadolu Agency (AA).

Филмот на данската продукција ја следи животната приказна на британскиот Сомалиец Мухамед, кој по запознавање со селефизмот во затвор, се приклучува на групата Ал-Шабаб која потоа ја напушта.

Тарик Ѓоѓиќ, директор на Ал Џезеира Балканс, по повод свеченото отворање изјави дека се надева дека фестивалот на документарен филм AJB DOC ќе има долга традиција.

„Се надевам дека вечерва ќе започнеме една долга традиција на фестивалот на документарен филм во Сараево во организација на Ал Џезеира Балканс. Како што знаете, документарните филмови, покрај вестите, заземаат значителен сегмент од нашата програма. Драго ми е што од вечерва во наредните четири дена ќе имаме навистина големи автори и големи филмови. Се надевам дека ова е почеток на една долга традиција", рече Ѓоѓиќ.

Додаде и дека верува оти овој фестивал ќе биде добра прилика за авторите и продуцентските куќи да воспоставуваат понатамошна соработка.

Сеад Крашевљаковиќ, еден од селекторите на фестивалот истакна дека на првиот фестивал на документарниот филм AJB DOC ќе бидат прикажани 23 филма во три селекции, додавајќи дека натпреварувачката селекција на фестивалот ќе претстави 15 документарни филмови, во ненатпреварувачката селекеција ќе бидат прикажани најдобрите наслови од европските фестивали, додека три филма се избрани за програмата „АЈВ Прикажува".

Едхем Фочо, директор на AJB DOC Филм фестивал истакна дека Меѓународниот фестивал на документарен филм во неколку сегменти се разликува од другите фестивали.

„Многумина автори ги прилагодија филмовите за нашиот формат за да тоа биде полесно за пазарот. Тоа е првата работа која е поинаква од останатите. Мислам дека е уникатен во Европа бидејќи нема ниту еден друг фестивал на документарен филм со тој формат. Втора работа, ова е навистина меѓународен фестивал. Ова е прв фестивал, се надеваме дека од наредната година тоа ќе крене на повисоко ниво со поддршка на Ал Џезеира од Доха и дека тоа може да биде еден од главите фестивали на документарниот филм во регионот", рече Фочо.

Меѓународниот фестивал на документарен дилм AJB DOC ќе биде одржан во Сараево од 21 со 25 септември во организација на телевизиската куќа Ал Џезеира Балканс, во соработка со Ал Џезеира Медиа Нетворк и Ал Џезеира Медиа Институт од Доха.

Новинската агенција Anadolu Agency (AA) е еден од медиумските покровители на Меѓународниот фестивал на документарен филм AJB DOC.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.