САРАЕВО
– Кемал ЗОРЛАК
Документарниот филм „Писател на новите стеќци“, чиј сценарист и режисер е Драган Станимировиќ, вчера е прикажан во рамките на овогодинешниот четврт по ред Меѓународен фестивал на документарен филм „Al Jazeere Balkans“ (AJB DOC), пишува Агенција Анадолија (АА).
Филмот претставува необична приказна и го следи босанскохерцеговскиот склулптор Адис Фејзиќ, кој ја оживува пред пет века згаснатата традиција на изработка на надгробни споменици - стеќци. Филмот ја следи изработката на еден од „модерните“ среќци, кои го порачаа воените бегалци од БиХ кои живеат во данскиот град Оденсе.

Авторот на филмот Станимировиќ и продуцентот Алмир Берковац, за Агенција Анадолија (АА) зборуваа за значењето на филмот, процесот на самото снимање, но и што всушност е вистинската порака и мисијата на филмот.
Станимировиќ зборува дека филмот настанал сосема спонтано, а сѐ започнало кога во медиумите ја прочитал веста дека скулпторот Адис Фејзиќ изработил скулптура од камен која е поставена пред парламентот на Австралија, а на која се врежани симболите на БиХ и Австралија.
- „Стеќак е камен на минатото и иднината“
Решава да стапи во контакт со Фејзиќ, но тоа не му успеало бидејќи Фејзиќ не користи социјални мрежи. Пет години подоцна, Станимировиќ дознава дека Фејзиќ работи на нов стеќак во Сараево, порачан од босанскохерцеговските бегалци од Данска, а по повод 25-годишнината на дипломатските односи на БиХ и Данска.
„Го пронајдов Адис и веднаш му реков, ‘Твојата приказна ми е интересна и би сакал да изработиме документарен филм’, на што тој ми одговори ‘Супер’ “, раскажува Станимировиќ.

Потоа стапува во контакт со Алмир Берковац, долгогодишен пријател од продукциската куќа „Frame+“, кому му ја излага својата идеа, по што започнуваат да работат на проектот. Берковац во филмот е директор на фотографија, монтажер и во исто време продуцент на филмот.
- Замалку кобен заплет на филмот
Само неколку дена по почетокот на снимањето на филмот, приказната за малку ќе добиела кобен заплет. Скулпторот Адис Фејзиќ се соочува со здравстевени проблеми, кои за среќа успеал да ги надмине.
„Адис во тој момент имаше пректично 90 дена до 25. ноември, кога е предвидено поставувањето на стеќакот во Данска. Докторот му рече дека најмалку 6 месеци мора да мирува, да избегнува било какви физички активности, а со тоа и работата на стеќакот“, рече Станимировиќ.
Зборувајќи за Фејзиќ, Станимировиќ истакна дека всушност од Адис и неговиот пристап многу научиле.
„Тој всушност стеќакот повеќе не го гледа само како надгробен споменик, туку споменик на културата во БиХ. Тој, како и поголемиот дел од археолозите и експертите со кои разговарале, истакнуваат дека од постоечките околу 100.000 среќци, ниту еден од нив не наликува на другиот“, наведува Станимировиќ.
Според неговите зборови, Фејзиќ заживува една традиција, користејќи ги традиционалните симболи, но воведува и нови симболи, како што тоа е случај на стеќакот кој е изработен за Данска, кај кој се користат и симболи на други држави.
„На тој стеќак испишан е текстот на Ханс Кристијан Сндерсен на бошњачки, а стиховите на Мак Диздар на древно рунско писмо. Ја изработи таа некој вид инверзија, а на стеќакот се наоѓаат и симболи на Босна и на Данска“, појасни Станимировиќ.
- Негрижа за стеќците
Она што е многу значајно, а на што укажува и авторот на филмот, е фактот што може да се забележи на теренот, е негрижата за стеќците, односно дека за нив воглавно се грижи локалното население, волонтери, а државен пристап воопшто нема.
Посочувајќи дека неговите размислувања за стеќците се смениле по снимањето на документарниот филм, Станимировиќ истакнува: „Стеќак е каменот на минатото и иднината. Мислам дека тој, покрај тоа што е симбол на минатото, претставува и симбол на средбата на културите.“
- Берковац: Симболите на стеќците раскажуваат многу подлабока приказна за историјата на нашите краеви
Ова е втор филм на Алмир Берковац, продуцентот на филмот, што го изработи заедно со Станимировиќ, по филмот „Репринт на Чедо Капор“ од 2014 година,кој исто така е прикажан во програмата на Al Jaazere Balkans.
„Како и секој документарен филм, станува збор за приказна која се раскажува самата себеси. Документарниот филм е жива материја, така да од почетокот на снимањето на филмот и некои почетни идеи околу снимањето, се случија некои работи кои не можете да ги предвидете. Можеби тоа е и убавината на овој документарен филм“, зборува Берковац.
Истакна дека на почетокот на овој пат, мислеле дека снимањето ќе трае ден или два, за на крајот да ја пропатуваат цела БиХ, Данска, а некои секвенци ги снимиле во Австралија.

„Така да, наизглед приказната за стеќците за повеќето луѓе е едноставна. Тие мислат дека ги знаат поголемиот дел од нештата за стеќците, но всушност доколку се посвети малку повеќе внимание на приказната, сфаќате колку таа е комплексна и колку всушност некои нешта не се раскажани. Така да мислам дека овој филм е и едукативен, и информативен. Во исто време се обидовме тој да биде и визуелно атрактивен“, рече Берковац.
Една од целите на филмот била да се раскаже приказна која е испишана на свеќците.
„Интересно е дека секој стеќак е единствен, секој има различни симболи и енкрипции кои раскажуваат една многу подлабока приказна за историјата на овие краеви“, смета Берковац и додава:
„Мислам дека во овој филм се поставуваат одредени прашања и постои одреден повик на акција, државата посериозно да се посвети на зачувувањето и заштитата на нашето национално наследство. Исто така, мислам дека луѓето кои еднодимензионално гледаат на свеќците, ќе научат нешто повеќе за самите свеќци.“
На фестивалот AJB DOC, на кој Агенција Анадолија (AA) е глобален партнер за комуникација, љубителите на филмот ќе можат да погледнат 23 документарни филмови од различни делови на светот и земји од регионот, поделени во 11 категории.
Во рамките на фестивалот кој оваа година е организиран под слоганот „Предизвик“, ќе бидат доделени 3 награди во натпреварувачкиот дел на AJB DOC, и тоа „Главна награда AJB“, „Награда за програмата AJB“ и „Награда на публиката“.