Servet Günerigök
06 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Филмската легенда и добитник на Оскар, Кирк Даглас, почина на 103 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кирк е татко на Мајкл Даглас, исто така добитник на Оскар, кој ја потврди смртта на познатиот актер, додавајќи дека неговиот татко бил легенда и голем хуманитарец.
„Моите браќа и јас со голема тага ве известуваме дека денес почина нашиот татко Кирк Даглас на 103 години. За светот беше легенда, актер од златниот период на филмовите, хуманитарец чија посветеност кон правдата и целите се пример кон кој сите можеме да тежнееме“, напиша тој на социјалната мрежа Инстаграм.
Не е наведена причината за смртта на легендарниот актер.
Кирк Даглас е роден во Њујорк на 9 декември 1916 година во семејство на руски Евреи, како Исур Даниелович.
Тој бил една од најголемите ѕвезди на „златен Холивуд“. Првата номинација за Оскар ја доби во 1949 година за филмот „Шампион“, а сепак најпознат е по главната улога во филмот „Спартак“.