Safvan Allahverdi
10 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Во рамки на синоќешната церемонија организирана во театарот „Долби“ во американскиот град Лос Анџелес, се одржа 92. издание од доделувањето на наградите на Академијата познати како награди Оскар, што се едни од најпрестижните награди во светската кинематографија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јужнокорејскиот филм „Паразит“ (Parasite) ја доби најградата „Најдобар филм“, со што влезе во историјата на Оскар како прв филм кој не е на англиски јазик.
Покрај тоа, режисерот на филмот „Паразит“, Бонг Џун Хо, ја доби наградата „Најдобар режисер“, а филмот исто така ги доби и наградите „Најдобар меѓународен филм“ и „Најдобро оригинално сценарио“.
Од друга страна, со филмот „Џуди“ („Judy“), Рене Зелвегер ја доби наградата „Најдобра актерка“, додека главниот актер на филмот „Џокер“ („Joker“), Хоакин Феникс, ја доби наградата „Најдобар актер“.
Лора Дерн за улога во филмот „Брачна приказна“ („Marriage Story“) ја доби наградата „Најдобра актерка за споредна улога“, додека Бред Пит со неговата улога во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“ („Once Upon a Time in Hollywood“) ја доби наградата „Најдобар актер за споредна улога“.
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ („Honeyland“) на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој беше номиниран во категориите за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм, не освои Оскар.
Останатите добитници на награди се:
Најдобра музичка тема: „Џокер“ (Хилдур Гуднадотир)
Најдобра оригинална песна: „(I'm Gonna) Love Me Again“ „Рокетмен“ (Rocketman) (Елтон Џон и Берни Топин)
Најдобра шминка и фризура: „Бомбшел“
Најдобро адаптирано сценарио: Таика Ваитити („Џоџо зајакот“ (Jojo Rabbit))
Најдобра костимографија: „Мали жени“ (Little Women)
Најдобар визуелен ефект: „1917“
Најдобра филмска редакција: „Форд наспроти Ферари“ (Ford vs. Ferrari)
Најдобар директор на фотографија: „1917“ (Роџер Дајкинс)
Најдобро уредување на звук: „Форд наспроти Ферари“ (Ford vs. Ferrari)
Најдобро звучно мешање: „1917“
Најдобар документарен филм: „Американска фабрика“ (American Factory)
Најдобар краткометражен документарен филм: „Учење скејтбордање во воена зона доколку сте женско“
Најдобар анимиран филм: „Приказна за играчките 4“ (Toy Story 4)
Најдобар краткометражен анимиран филм: „Хер лов“
Најдобар краткометражен филм: „Прозорецот на соседот“ (The Neighbor’s Window)
Најдобар дизајн: „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood)
Најдобра кинематографија: „1917“.