Ahmet Furkan Mercan
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
ТОКИО (АА) - Јапонија соопшти дека на земјите кои се погодени од епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, бесплатно ќе им помага со лекот против грип, Авиган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена на националната телевизија „НХК“, генералниот секретар на Владата, Суга Јошихиде, на прес-конференција даде изјава во врска со помошта од лекови што ќе ја направи Јапонија во рамките на борбата против Ковид-19.
Наведувајќи дека околу 30 земји побарале помош од лекови од Јапонија, Суга рече дека продолжуваат клиничките тестови за лекот за грип, Авиган, развиен од јапонска компанија.
Суга нагласи дека одржуваат контакти со земјите кои побарале помош и дека лековите до земјите кои побарале ќе ги испраќаат бесплатно и во толкаво количество колку што побарале.
Сеопфатните лабораториски тестови за Авиган во Јапонија продолжуваат и дека истражувањата во Кина покажале дека лекот има позитивен ефект кај лицата заразени со Ковид-19.