Балкан, Коронавирус

Во Албанија 18 смртни случаи од Ковид-19, бројот на заразени порасна на 333

„Досега се тестирани 2.224 сомнителни случаи и од нив позитивно потврдени со Ковид-19 се 333 случаи. Просечната возраст на позитивните случаи со Ковид-19 е 50 години...“

Fatjon Cuka  | 04.04.2020 - Обновена : 05.04.2020
Во Албанија 18 смртни случаи од Ковид-19, бројот на заразени порасна на 333

ТИРАНА (АА) - Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија соопшти дека во земјата бројот на починати поради новиот коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 18, додека со потврдување на 29 нови случаи, бројот на заболени порасна на вкупно 333, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во официјално соопштение Министерството се вели дека 67-годишен пациент од Тирана, потврден со Ковид-19, починал утрово во Болницата за инфективни болести во Тирана, додека во последните 24 часа тестирани се 216 сомнителни случаи, од кои се потврдени 29 новозаразени.

„Досега се тестирани 2.224 сомнителни случаи и од нив позитивно потврдени со Ковид-19 се 333 случаи. Просечната возраст на позитивните случаи со Ковид-19 е 50 години. Досега во Албанија од Ковид-19 починаа 18 лица. Во последните 24 часа имаме 10 излекувани пациенти, со што бројот на излекувани од Ковид-19 порасна на 99“, се вели во соопштението.

Здравствените институции продолжуваат да работат на терен за да ги идентификуваат новите случаи и да ги следат контактите на позитивно потврдените случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın