Zylfije Adem Jakupi
04 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Од Националниот институт за јавно здравје на Косово соопштено е дека се потврдени уште 3 нови пациенти заразени со Ковид-19, со што вкупниот број заразени во земјата се искачи на 135, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во Лабораторијата за молекуларна биологија при Националниот институт се тестирани уште 138 примероци, од кои 3 се позитивни. Позитивните лица се случаи на контакти и доаѓаат од Северна Митровица.
Од 8 февруари до денеска тестирани се 1.743 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 135 се позитивни, со еден смртен исход на маж (82) од општина Подуево.
Според податоците на здравствените установи кои работат во системот на Република Србија, соопштено е дека со коронавирусот се заразени 17 лица во средините каде што живеат Срби, 11 од Северна Митровица, 4 од Звечан и 2 од Лепосавиќ, меѓу кои и еден маж (47) кој починал за време на лекувањето во Ниш.
Во исто време, кризните штабови во Северна Митровица и Звечан, вчера, по предлог на стручните лица поради новите случаи на инфицирани граѓани со коронавирусот, овие општини ги стави во карантин. Одлуката стапи на сила вчера во 18 часот и ќе трае до понатамошно известување.