Muhammet Nazım Taşcı
04 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати поради епидемијата од новиот вид коронавирус (Ковид-19) низ целиот свет ја надмина бројката од 60 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на веб-страницата „Worldometer“, каде што се евидентираат податоците со Ковид-19, бројот на смртни случаи во светот се зголеми на 60.113, а бројот на потвдени случаи со вирусот на 1.130.114.
Земја со најголем број починати поради Ковид-19 има Италија со 14.681 смртен случај. Потоа следуваат Шпанија со 11.744 смртни случаи, САД со 7.403, Франција со 6.507, Велика Британија со 3.605 и Иран со 3.452.
Кина, каде што се појави епидемијата, се наоѓа на седмото место со 3.326 смртни случаи.
Потоа следуваат Холандија, со 1.487 смртни случаи како резултат на последиците од новиот вид коронавирус, Белгија со 1.283 смртни случаи и Германија со 1.275 смртни случаи.
Ковид-19 најпрвин се појави во декември 2019 година во Вухан, Кина, и досега се рашири во 200 земји низ светот.