Балкан

Неуспешен и 29. обид за конституирање на косовското Собрание

- Точно четири месеци по изборите, неуспешен и 29. обид за конституирање на косовското Собрание.

Oktaj Omeragikj  | 09.06.2025 - Обновена : 09.06.2025
Неуспешен и 29. обид за конституирање на косовското Собрание

СКОПЈЕ (АА) - Конститутивната седница на косовското Собрание е одложена 29. пат откако повторно не е избран претседател на Парламентот, известува Анадолу.

Претседавачот со Собранието, Авни Дехари, ги повика претставниците на Демократска партија на Косово (ДПК), Демократски сојуз на Косово (ДСК), Алијанса за иднината на Косово (АИК) - Социјалдемократска иницијатива (НИСМА) и Српска листа да предложат свои членови за Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Собранието, но предлогот не го доби потребниот кворум.

Од 102 пратеници присутни во салата, 53 гласаа „за“. Никој од пратениците не гласаше против ниту беше воздржан.

Следната седница е закажана за 11 јуни во 11 часот.

Конститутивната седница на косовскиот Парламент започна на 15 април, но мандатите на пратениците им беа потврдени дури по четири дена.

Откако кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Албулена Хаџиу, шестпати не успеа да ги добие потребните 61 глас за избор, претседавачот со Собранието на Косово, Авни Дехари, предложи формирање комисија за надгледување на тајното гласање, но и овој предлог не помина.

Втората по големина партија, Демократска партија на Косово (ПДК), претходно побара Движењето „Самоопределување“ да го смени својот кандидат за претседател на косовското Собрание за да го поддржат изборот за претседател на Парламентот, но вршителот на должноста премиер на Косово и лидер на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, во своите досегашни изјави за медиумите наведе дека не станува збор за промена на кандидатката Албулена Хаџиу, обвинувајќи ја опозицијата за блокирање на конституирањето на Собранието.

Пратеничката група на Алијанса за иднината на Косово (АИК) поднесе барање до Уставниот суд за толкување на методот на тајно гласање.

Од 19 април се водат обиди за избор на претседател на Парламентот, но кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Албулена Хаџиу, засега не успева да освои 61 глас, колку што е потребниот минимум за да биде избрана.

Пратениците мора да изберат претседател и пет потпретседатели за конечно да го конституираат новото Собрание на Косово. Само откако ќе се конституира Собранието, може да се формира нова влада.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın