Yusuf Özcan
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Во Франција во последните 24 часа починаа уште 642 лица поради Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 19.323, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на оваа земја, во последните 24 часа откриени се 5.715 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 173.956.
Се вели дека 30.639 лица се во процес на лекување во болници, од кои 5.833 се наоѓаат во интензивна нега.
Бројот на излекувани лица во Франција изнесува 35.983.
Во последните 24 часа починаа 642 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во болници и домови за стари лица во земјата се зголеми на 19.323.