АНКАРА
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони и 300 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 2.306.016.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде вкупно 711.197 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Шпанија со 191.726 случаи, Италија со 175.925 случај, Франција со 147.969 случаи, Германија со 125.834 случаи, и Велика Британија со 114.217 случаи.
Во Кина кадешто за прв пат се појави овој вирус, откриени се 82.719 случаи.
Земји со повеќе од 10.000 регистрирани случаи, според „Worldometer“ се:
„Турција (82.329), Иран (80.868), Белгија (37.183), Русија (36.793), Бразил (35.025), Канада (32.412), Холандија (31.589), Швајцарија (27.404), Португалија (19.685), Индија (14.792), Ирска (14.758), Австрија (14.671), Шведска (13.822), Перу (13.489), Израел (13.107) и Јужна Кореја (10.653)“.
Како резултат на епидемијата починаа 158.028 лица низ целиот свет, додека излекувани се 588.631 лице што беа заразени со вирусот. Во моментов во светот се наоѓаат 1.559.357 активни случаи со Ковид-19.