Burcu Çalık Göçümlü
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 10.453 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 40.520 тестирања за Ковид-19, од кои 3.783 лицe e позитивнo на Ковид-19.
Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 121 лице како последица на оваа пандемија, додека уште 1.822 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Во Турција се извршени вкупно 598.933 тестирања, откриени се вкупно 82.329 случаи, додека починаа вкупно 1.890 лица поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.894 лица се наоѓаат на интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 1.054, додека вкупно излекувани се 10.453 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Бројот на излекувани лица надмина 10.000. Имаме важни предности во лекувањето. Покрај зголемениот број на тестирања, забележан е пад во бројот на нови случаи. Имаме две сили, тоа се мерките и лекувањето. Да ги искористиме нашите сили“, напиша Коџа.