Burak Dağ
18 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Марокот, Кувајт, Катар и Либан ги објавија ажурираните податоци во врска со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во секоја земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Мароко соопшти дека починале уште две пациенти поради овој вирус, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 137.
Во Марокот вкупно откриени се 2.670 случаи, додека досега излекувани се 298 лица.
Од друга страна, во Кувајт денес почина еден пациент поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 6, додека 280 лица се излекувани од овој вирус во земјата.
Според Министерството за здравство на Кувајт, бројот на случаи со Ковид-19 во земјата со раст од 93 се искачи на 1.751.
Меѓу другото, во Катар вкупно починаа осум лица како последица на оваа пандемија, додека досега излекувани се 510 лица.
Министерството за здравство на Катар соопшти дека во последните 24 часа уште 345 лица резултирале позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 5.008.
Во Либан откриени се уште четири случаи со коронавирус, со што вкупниот број на случаи во земјата се искачи на 672.