Sofya Hocabaşi,Said İbicioğlu
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Светската унија на исламските научници (IUMS) соопшти дека коронавирусот (Ковид-19) не претставува пречка за постот, освен за лицата кои се заразени со вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на IUMS се наведува дека внимателно се следат сите случувања околу пандемијата, посебно во пресрет на самото доаѓање на месец рамазан.
Напоменувајќи дека се појавиле осредени дебати околу тоа дали треба да се пости за време на пандемија од која е погоден целиот свет. Од Светската унија на исламските научници јасно кажаа дека коронавирусот не претставува пречка за постот, освен за лицата кои се заразени со вирусот.
„Постот во месец рамазан е едно од најосновите правила на исламот. Постот е со јасни одредби фарз (обврска) за сите полнолетни муслимани, освен на оние кои се ослободени од оваа обврска поради одредени состојби како што се болест, патување, старост и бременост. Исто така, Ковид-19 не е оправдана причина да не се пости, освен за оние луѓе кои ја имаат таа болест. Научните и медицинските истражувања покажуваат дека постот не го слабее имунолошкиот систем, напротив, ги обновува ќелиите во телото и му користи на организмот", се наведува во соопштението.
Се додава дека муслиманите во земји во кои џамиите се затворени во рамките на здравствените мерки воведени поради коронавирусот, треба терави-намазот да го клањаат во своите домови.
Исто така упатен е и апел до муслиманските земји во рамките на мерките против пандемијата на Ковид-19 да ги пуштат сите затвореници, да постигнат договор и да престанат со војните во месец рамазан.