Bojana Stojanovic
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
БЕЛГРАД
Во Србија коронавирусот (Ковид-19) е регистиран кај 342 корисници и 72 вработени во 17 установи на социјална заштита и домови за стари лица, изјави денес заменик директорката на Институтот за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ Батут", Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференција во Белград, таа рече дека процентот од осум отсто инфицирани кој е утврдени во претходните 24 часа, најмал процент од кога се прават тестирања.
„Тоа ни е индиректен показаел дека дошло до слабење на вируленцијата и дека добро ја вршиме работата", наведе таа
Епидемиологот Предраг Кон рече дека по велигденските празници, односно забрана за движење која во земјата е воведена од петокот во 17 часот и ќе трае до вторник во пет наутро, сигурно ќе биде попуштање на мерките, но постепено.
„Сега веќе вирусот постепено се гаси, но мораме да бидеме внимателни. Морам да кажам дека ние одлично стоиме, кога со земјите се упоредува смртноста", рече Кон.
Тој рече и дека по Велигден на повозрасните од 65 години ќе биде дозволено во вторник, петок и недела да излезат на половина час во радиус од 600 метри од нивните домови.