свет, Коронавирус

САД: Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 410 лица

САД според бројот на случаи со Ковид-19 се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот

Hakan Çopur  | 28.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
САД: Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 410 лица

ВАШИНГТОН (АА) - Во изминатите 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) од Ковид-19 починаа 410 лица, со што од новиот тип коронавирус во земјата досега починаа вкупно 1.711 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

САД според бројот на случаи со Ковид-19 се наоѓаат на врвот на листата на земји. Исто така од ден на ден се зголемуваат и смртните случаи од коронавирусот.

Според најновите податоци споделени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на заразени со вирусот се зголемил за 18.848 во последните 24 часа и изнесува вкупно 104.860, а бројот на починати се зголемил за 410, со што ја достигна бројката од 1711 лица.

По САД, на списокот на земји во кои има најголем број дијагностицирани со коронавирус следуваат Италија со 86.931 случаи и Кина со 81.996 случаи.

Според податоците, во САД коронавирусот е најмногу раширен во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси.

Во државата Њујорк вчерашната бројка од 39.140 случаи се зголеми на 46.094. Од таа бројка 26.697 се наоѓаат во градот Њујорк, чие население изнесува 8,5 милиони.

По државата Њујорк на второ место се наоѓа Њу Џерси со 8.825 случаи, а потоа следува сојузната држава Калифорнија со 4.885 случаи.

Во државата Њујорк во последните 24 часа бројот на починати се зголеми од 461 на 605. По него следува Вашингтон со 175 смртни случаи и Луизијана со 119 починати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın