Ekipa
28 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Влада признаена од Обединетите нации (ОН) денес соопшти дека пристигнале три воени товарни авиони од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во воздухопловната база контролирана од Калифа Хафтар, водачот на милициските сили од источна Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во сооопштението на операцијата „Вулкан на гневот“ предводена од владините сили се вели дека авионите полетале од воздухопловната база „Свеихан“ во Абу Даби и пристигнале во воздухопловната база „Ал-Кадим“ во градот Ал-Марџ.
Меѓународно признатата либиска Влада на национално единство претходно соопшти дека открила пристигнување на неколку странски карго авиони во воздухопловни бази контролирани од Хафтар.
Од соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година, во Либија се формираа две места на надмоќ: едното на воениот водач Хафтар во источна Либија, поддржан од Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а другото на Владата на национално единство во Триполи, која ужива поддршка на Обединетите нации (ОН) и е меѓународно призната.
Легитимната Влада во Либија е под напади на силите на Хафтар од минатиот април, во кои загинаа над 1.000 луѓе.
Во четвртокот Владата на национално единство ја започна операцијата „Бура на мирот“ како одговор на нападите од силите на Хафтар.