свет

Меркел го одбила барањето на Израел за респираторна опрема

Нетанјаху имал телефонски разговор со Меркел во кој побарал апарати за дишење во рамките на мерките преземени во борбата против Ковид-19

Esat Fırat  | 28.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
Меркел го одбила барањето на Израел за респираторна опрема

ЕРУСАЛИМ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ги одбила барањата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, кој од Германија побарал респираторна опрема поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во веста на израелскиот весник „Једиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth) се вели дека Нетанјаху имал телефонски разговор со Меркел и побарал апарати за дишење во рамките на мерките преземени во борбата против Ковид-19.

Во веста се наведува дека Меркел одговорила негативно на барањето, но нема повеќе детали за настанот.

Во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер се потврдува дека Нетанјаху имал телефонски разговор со канцеларката Меркел во вторникот, но не се наведуваат дополнителни детали за разговорот.

Израелската државна телевизија КАН во веста објавена на 25 март истакна дека челникот на израелската Разузнавачка служба МОСАД, Јаси Коен, и претседателот на Советот за национална безбедност, Меир Бен-Шабат, формирале заеднички тим за купување на потребната медицинска опрема од странство.

Според податоците на израелското Министерство за здравство, бројот на лица дијагностицирани со Ковид-19 достигна 3.460 лица, а починаа 12 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.