Gülşen Topçu
12 Јули 2021•Ажурирај: 13 Јули 2021
ЕРУСАЛИМ
Израелскиот претседател Исак Херцог рече дека има намера да го одржи дијалогот со неговиот палестински колега Махмуд Абас, кој му се јави во неделата за да му честита за преземањето на функцијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Зборував оваа вечер со шефот на палестинската управа, Махмуд Абас, кој ми се јави да ми честита за моето преземање на функцијата. Во моите зборови за благодарност истакнав дека имам намера да продолжам да го одржувам тековниот дијалог со него како што претходните израелски претседатели направија“, напиша Херцог на Твитер.
Тој исто така ја сподели својата надеж за „помагање во унапредување на односите и надеж за мир меѓу двата народа што живеат рамо до рамо“.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, Абас за време на телефонскиот повик истакнал дека е потребно да се постигне траен мир во Газа, Западниот Брег и Ерусалим.
Израелскиот канал 12 претходно објави дека Абас подготвува список на барања во случај повторно да започнат палестинско-израелските мировни преговори.
Разговорите меѓу палестинските и израелските лидери беа запрени во април 2014 година поради одбивањето на Тел Авив да ги ослободи Палестинците затворени од пред 1993 година и да ја запре активноста за населување на окупираната палестинска земја.