Ahmet Dursun
05 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Како последица на вирусот Ковид-19, во Иран, во текот на изминатите 24 часа починаа уште 63 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата е зголемен на 6.340, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, соопшти дека во текот на изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 63 лица, а регистрирани се 1.323 нови случаи.
Според тоа, бројот на случаи на Ковид-19, кој почна да се намалува неколку дена, повторно е во тренд на зголемување.
Џиханпур, наведувајќи дека вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 6.340, рече дека бројот на заболени се искачил на 99.970.
Тој истакна дека 2.685 пациенти се во критична состојба, и дека досега во земјата излекувани и отпуштени од болница се вкупно 80.475 лица.
Џиханпур исто така наведе дека до сега во земјата направени се вкупно 519.543 теста за Ковид-19.