Yasemin Kalyoncuoğlu
05 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека турските и руските сили ја спровеле осмата заедничка патрола на автопатот во северозападна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на својот твитер-профил Министерството наведе дека во рамките на договорот за спроведување заеднички контролни патроли, турските и руските сили ја извршиле осмата копнена патрола на Автопатот М4 во Идлиб со учество на копнените и воздушните елементи.
Според договорот, сите воени активности во Идлиб треба да завршат и да се воспостави безбедносен коридор 6 километри на север и југ од клучниот Автопат М4.
Автопатот М-4, исто така познат како патен правец Алепо - Ал Хасека, се наоѓа на 30 километри од јужната граница на Турција.
Турција и Русија се согласија на протоколот со кој ги повикуваат сите страни во Идлиб за прекин на огнот, a турските и рускитe сили, како гаранти на примирјето, заеднички спроведуваат контролни патроли по должината на линиите за раздвојување, или по Автопатот М4. Заедничките патроли започнаа на 6 март.