свет

Кудс: Израелската полиција повторно нападна палестински семејства во населбата Шеик Џерах

Полицијата употреби сила за да ги растера новинарите и Палестинците кои биле во подрачјето за да им дадат поддршка на семејствата кои се под закана од присилно иселување од своите домови во Источен Кудс

Halime Afra Aksoy  | 21.06.2021 - Обновена : 22.06.2021
Кудс: Израелската полиција повторно нападна палестински семејства во населбата Шеик Џерах

КУДС (АА) - Израелската полиција повторно нападна палестински семејства во населбата Шеик Џарах во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).

Според очевидците, полицијата ги спречила жителите да влезат на плоштадот со употреба на палки.

Полицијата употребила сила за да ги растера и новинарите и Палестинците кои биле во подрачјето за да им дадат поддршка на семејствата кои се под закана од присилно иселување од своите домови.

Израелските безбедносни сили, исто така, извршиле рација во куќа во соседството и ги нападнале луѓето кои живеат таму.

Во саботата, израелски доселеници фрлија солзавец на жителите и оние кои се солидализирале со нив во истата населба.

Тензиите на палестинските територии ескалираа од април поради одлуката на израелскиот Суд за присилно иселување на палестинските семејства од нивните домови во квартот Шеик Џарах во корист на еврејските доселеници. Ситуацијата се влоши откако израелските сили насилно влегоа во џамијата „Ал-Акса“ и ги нападнаа верниците што се наоѓаа внатре.

Потоа, тензиите се проширија во Појасот Газа, Израел започна со воздушни напади во кои загинаа најмалку 290 Палестинци.

На 21 мај, примирјето постигнато со посредство на Египет го сопре израелското 11-дневно бомбардирање на Газа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.