свет, Коронавирус

Значително намалување на бројката починати во земјите на Латинска Америка од Ковид-19

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 1025 лица во Бразил, 36 во Мексико, 301 во Аргентина, 599 во Колумбија, 144 во Перу, 121 во Чиле, 44 во Боливија, 112 во Парагвај и 30 во Уругвај.

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 21.06.2021 - Обновена : 21.06.2021
Значително намалување на бројката починати во земјите на Латинска Америка од Ковид-19

БОГОТА

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 1025 лица во Бразил, 36 во Мексико, 301 во Аргентина, 599 во Колумбија, 144 во Перу, 121 во Чиле, 44 во Боливија, 112 во Парагвај и 30 во Уругвај.

Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 1025 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 501.825.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 44.178, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 17.927.928.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 16.220.238 лица претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 36 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1578 новозаразени.

Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 231.151 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.477.283. Досега во оваа земја оздравеа 1.971.470 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 301 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 89.043. Во истиот период детектирани се 10.395 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.268.789.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.890.213 лица заразени со коронавирусот.

Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 8. место во светот.

- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 599 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 99.934.

Во последното деноноќие детектирани се 27.818 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.945.166. Во оваа земја досега оздравеа 3.667.161 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу


Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 144 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1489 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.029.625, од кои животот го загубија 190.425 лица, а оздравеа над 1.986.250 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

Перу се наоѓа на петтото земја во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 121 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 31.513.

Во истиот период регистрирани се нови 5.753 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.517.018, а оздравеа вкупно 1.445.703 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 44 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.086.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 422.047, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 16.132. Досега оздравеа 339.104 лица позитивни на коронавирусот.

- Парагвај


Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 112 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1145 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 406.220, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.633.

Досега оздравеа 343.959 лице позитивни на коронавирусот.

- Уругвај

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 30 лице од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 5.271.

Во истиот период детектирани се 1.500 лице позитивни на Ковид-19, вкупно 354.865 од почетокот на пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 323.494 заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın