свет, Коронавирус

Во Франција бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 28.596

Поради пандемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во земјата починаа 66 лица

Yusuf Özcan  | 27.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
Во Франција бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 28.596

ПАРИЗ (АА) - Бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Франција се искачи на 28.596, јавува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за јавно здравје на Франција соопшти дека вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 220.148, од кои 191 во последните 24 часа.

Како последица на вирусот Ковид-19, на интензивна нега се наоѓаат 1.501 лице, а 15.680 лица се лекуваат во болница. Веќе 49 дена постои тенденција на опаѓање на бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега.

Досега во земјата оздравеа 66.584 лица, од кои 705 во последните 24 часа.

Поради пандемијата на Ковид-19 во последните 24 часа починаа 66 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во Франција се зголеми на 28.596 лица.

- Пациентите излекувани од Ковид-19 ќе бидат дигитално следени -

Од друга страна, Националното собрание на Франција, со 338 гласа „за“ и 215 „против“ го одобри користењето на апликацијата за паметни телефони која има за цел дигитално да ги следи пациентите излекувани од Ковид-19 и луѓето кои биле во контакт со нив, како дел од борбата против коронавирусот.

Тие што сакаат, апликацијата „StopCovid“ од викендов ќе може да ја инсталираат на своите мобилни телефони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın