Балкан, Коронавирус

Прв ден по укинувањето на полицискиот час во Северна Македонија

Според вчерашната одлука на Владата на Република Северна Македонија, од утрово е укинат полицискиот час, со што целосно престанува важењето на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Северна Македонија

Admir Fazlagic  | 27.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
Прв ден по укинувањето на полицискиот час во Северна Македонија Фото: Umeys Sulejman/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија од денеска е укинат полицискиот час кој Владата го воведе пред повеќе од два месеци како мерка против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Според вчерашната одлука на Владата на Република Северна Македонија, од утрово е укинат полицискиот час, со што целосно престанува важењето на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Времетраењето на полицискиот час се менуваше, а генерално тој траеше од 19 часот навечер до 05 часот наутро.

Денеска, првиот ден по укинувањето на полицискиот час, на улиците во главниот град Скопје, како и низ другите места во државата, можеше да се види раздвиженост на граѓаните, како и раздвиженост на сообраќајот.

Во последните 24 часа во земјава се потврдени нови 25 случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус се зголеми на 2.039. Вкупната бројка на починати лица како последица на вирусот во земјата изнесува 119, а оздравени се 1.470 лица.

Според најавата од Владата на Северна Македонија, од утре со посебен протокол треба да почнат со работа угостителските објекти кои имаат отворени простори и тераси.

Потсетуваме, во земјата на 18 март беше прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, Ковид-19, а претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 15 мај вторпат ја продолжи во траење од 14 дена, за кое како причина го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.